речник контакт

ФК Борец тргна со победите, славеше во Mакедонска Каменица

Само ФК Бабуна победи од велешките екипи во Трета лига Центар

Петар Печков

 
Со победа и три  бода се враќаат фудбалерите на Борец од  гостувањето   во  Македонска  Каменица. Таму  со  минимални  1:0 тие   славеа над домаќинот САСА со голот  на талентираниот млад  фудбалер  Андреј Кудијан. По двете  гостувања, велешкиот второлигаш –Исток, в сабота ќе игра конечно  пред  своите навивачи.  Ја пречекува  штипска Брегалница, која испадна од Pрва лига.   И тие како  и ФК Борец имаат по четири бода од два натпревари и се  на врвот од табелата. 

Во второто коло од Tрета лига Центар, една победа  и два порази за велешките  екипи.  Во дербито Вардар од Неготино ги најави неговите  големи аспирации  во оваа сезона и го совлада Превалец дома со 2:3. Головите за домаќините ги  постигнаа Чоков  и  Ставревски.  .  

ФК НАПРЕДОК с.Крушеани - ФК ИЛИНДЕН БС 1:0
ФК ПРЕВАЛЕЦ - ГФК ВАРДАР Неготино 2:3
ФК БАБУНА - ФК БРАТСТВО 07 3:2
 
Во следното, трето   коло, локално дерби Илинден  БС – Превалец, а Бабуна гостува на Росоман во  Росоман.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »