речник контакт

ФК Борец тргнува кон подобра иднина и Прва лига

Со нов, анонимен спонзор, нов тренер, нова управа, ФК Борец сака да се врати на старите позиции, во елитното друштво

Петар Печков

 Фудбалскиот клуб Борец, член на Третата лига југ,  ја започна новата страница од сопствената историја, стара седумдесет и кусур години. Со нова управа, со засега моќен анонимен спонзор, сака да се да врати на старите позиции во  најквалитетната Прва фудбалска лига. Таму каде што беше пред дваесетина години и кога на Градски во Велес доаѓаа по 4-5 илјади гледачи, а во недела попладне, наместо неделен семеен ручек,  се живееше за фудбалот. За новиот почеток и нов звучен тренер, Кочо Димитровски, човекот кој има одиграно најмногу  фудбалски натпревари во Македонија, повеќе од осумстотини.

Денес е голем ден за фудбалот во Велес. Со доаѓањето на новиот спонзор и новиот тренер, гледаме голема иднина.. Можеби не одма, ама Борец ќе се врати, таму каде што му е местото во Првата лига. Чекор по чекор тоа и ќе го сториме. Очекуваме фудбалот да го вратиме на старите  позиции – изјави Кире Јачев претседател на ФК Борец.

За почеток по 13 години струјата светна во клупските простории, и фудбалерите ќе можат по тренинг да се избањаат а не калливи да си одат дома.  Платен е долгот од 25 илајди евра кон ЕВН. Од триесетината млади фудбалери, не постари од 22 години, ќе се прави селекција со контролни натпревари, за да се дојде до неопходниот квалитет. Спортскиот директор Боре Крстев – Ситното ги повика велешани,, Ајде сите на стадион да го бодриме Борец, да му погнеме,,.

Одамна реков, еден ден ќе дојдам во Борец да бидам тренер и таа желба ми се оствари. Овие млади фудбалери се гаранцијата дека ќе успееме. Потребна е работа, дисциплина и трпение и ќе го израдуваме градот. Велес заслужува прволигаш и ќе му го дадеме - рече  тренерот Кочо Димитровски. Негови помошници се некогашните фудбалери Трајче Шопов и голманот Оливер Ресавски. На новиот почеток на ФК Борец  присуствуваше и градоначалникот на Велес.

Денес кога е мошне тешко да се најде квалитетен и моќен спонзор, вие тоа го успеавте, се надевам на подолг рок. Имате млади фудбалери пред кои е иднината, ќе имаат сега  пристојни услови за работа. Ви посакувам успех и очекувам дека секоја следна година ќе играте во различна лига – рече Петров.Фудбалерот Бојан Стојанов вели дека во клубот име одлична атмосфера меѓу фудбалерите.

Има другарски однос, се знаеме долго време. Досега фудбалот беше на мртва точка, сега имаме нов спонзор, нов тренер и се надевам дека ќе имаме успешна сезона и ќе бидеме прваци во Третата лига – рече Стојанов. 

Во клубот портпарол и маркетинг служба  е Иван Ивановски, Ристе Коџобанов член на управа  и доктор е  Тодоров Ќучуков, а потпретседател е жена Олгица Пепелашева. Во историјата на клубот таа е втора, откако во 2000-тата  претседател беше д-р Марија Јорданова тогашен пратеник.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »