речник контакт

ФК Борец 2009 го промени името во Борец 1919

ТРМР има интервју со македонската Цеца, Олгица Мојсова Пепелашева, претседателка на велешкиот третолигаш

Петар Печков

 ТРМР имаше можност во интервју со претседателот на велешкиот фудбалски третолигаш, Олгица Пепелашева Мојсова, да дознае за новините кои ги  има клубот. Ново име, плановите за иднина, ќе остане ли клубот во оваа конкуренција? Патем ФК Борец 1919 е шести во оваа конкуренција Трета лига југ, од 12 екипи со 13 бодови. 

 Неодамна клубот го смени името, зошто?

 мотивот беше едноставен,д  се врати минатото на Борец. Сега е Борец 1919. ова е така оти таа година  клубот започнал да постои.   1969-та Борец славел 50 години и затоа решивме таа 1919 да ја ставиме до името на клубот.  Сакаме во 2019 да славиме 100 години од клубот и тоа во Прва лига. 

 Каква е состојбата  со квалитетот на фудбалерите во клубот, ќе опстане ли во оваа конкуренција?

 Задоволна сум од костурот на екипата. Тоа се прекрасни млади фудбалери, со голем потенцијал. ова година не ни е во план да влегуваме во повисок ранг, но следната да. Има квалитет во децата. Ова зимо ќе ги носам во Подгорица, заедно со Будуќност  ќе работиме. Ќе се збратимиме со нив. Тоа ќе биде отскочна штица  за ФК Борец 1919. 

  Има ли други планови за клубот?

 При неодамнешниот престој ан Цеца во Македонија, имав посредни контакти со неа. Таа дознала дека во Велес има македонска Цеца, тоа е претседателката на ФК Борец . Со телефон се слушнавме, преку нејзина пријателка од Скопје . Побара да заминеме за Србија, одговорив дека веќе е договорено со Будуќност, па дури потоа ќе работиме со Обилиќ.  Во Подгорица ќе одиме при крајот на јануари, ќе ја собереме екипата достојно да се претставиме.

 Пред пролетниот дел има ли промени во кадарот на екипата?

 Давитков останува тренер, со тоа што ќе имаме 5-6 нови млади фудбалери, појаки. Имам моментално 30 деца. На почетокот од првенството кубурев, оти претходниот претседател ги продаде, ама јас собрав екипа.      

Како се снаоѓате со пари, со финансии?

 Многу тешко. Есенскиот дел го издржа Олгица Мојсова Пепелашева. Парите кои ги добивме од општината спонзорите, ни ги земаа извршители, оти претходниот претседател должел а јас  сега плаќам.  Ни денар не видовме.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »