Петар Печков
Објавено: вторник, 02 јуни 2026
Нов член на Третата фудбалска лига Југ е ФК Врановци од Горно Врановци. Ова доаѓа откако Општинскиот фудбалски сојуз Велес побарал од првакот КФ Форца нова да потврди учество во повисок ранг на натпревари. Тие се заблагодариле ни не прифатиле.
Следната понуда бил испратена до второпласираниот тим на ФК Младост. Ниту овој клуб прифатил учество во Третата лига Југ. Трет на табелата била екипата ан ФК Врановци, кој потврдиле дека ќе се натпреварува во сезоната 2026/27 во Трета лига Југ.
„Кога не прифатиле првите двепласирани, решивме да се одважиме и да учествуваме во оваа лига. Натпреварите дом ќе ги играме во Чашка. Веќе работиме на екипирање на составот, разговараме за нов тренер, со петмина новаци. Ќе ја екипираме и управата. Се надевам дека подготвени ќе го дочекаме стартот “ – кажа Хабиб Максудов претседател на клубот. Оваа екипа беше есенски првак во Општинската фудбалска лига Велес.
Се надевам дека подготвен претседател на клубот. Оваа екипа беше есенски првак во Општинската фудбалска лига Велес.
Од есен во Трета фудбалска лига Југ ќе играат од подрачјето на ОФС Велес, ФК Борец кој не успеа во баражот да влезе во Втора лига, ФК Превалец, кој е вечито втор во оваа конкуренција, ФК Башкими од Горно Јаболчиште и ФК Врановци.
Утре среда ќе биде познат противникот на ФК Башкими во регионалните Куп натпревари на подрачјето на Трета фудбалска лига Југ. Потенцијални противници се ФК Венец од Долни Дисан – ОФС Неготино и ФК Влазними од ОФС Прилеп.
Регионот дава две екипи кои ќе учествуваат во завршницата на Купот 1/16 финале. Доколку ФК Башкими има среќа на ждрепката директно да се пласира во 1/16 финале, тоа е така ако не биде извлечен во две од трите екипи учеснички во регионалниот Купот.
| Tweet |




