речник контакт

ФК Превалец продолжува со победи во Третата лига Центар

ФК Илинден БЦ и ФК Бабуна одиграа нерешено. Извлечени паровите од четврфиналето во ракометниот Куп

Петар Печков

Три настапи на велешките екипи во 17-тото коло од Третата фудбалска лига Центар, една победа во гости и две нерешени.

Екипата на ФК Превалец победи во село Лажани, прилепско со 1:0 против 12-то пласираната екипа на  Слога. Превалчани се петти со 33 бода.   Во Башино село Илинден одгира нерешено 3:3 против  осмопласираната екипа  на Големо Коњари. По ова коло Илинден и натаму е претпоследен со 7 бода. На изнедадување по трите пролетни порази  ФК Бабуна од  Мартолци одигра нерешено без голови во Неготино протов второпласираниот Вардар, кој пролетва се откажа од борбата за првото место во оваа конкуренција.  ФК Бабуна со 34 бода остана четврта.

Во следното 18 коло се игра локалното дерби на Градски  Бабуна против Илинден БС додека Превалец дома игра со Младост 1930 од Кривогаштани, кој е 10-ти со 18 бода.   

 ВО Скопје во Ракометната федерација на Македонија беа извлечени паровите од 1/4 финалето на Купот. Велешки ГРК Борец ќе игра со втората екипа на  Металург- јуниор на  21 април. Ако победат ќе ги чека европскиот првак Вардар. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »