речник контакт

ФК Превалец сам е лидер на Трета лига Центар

ФК Бабуна е втора а ФК Тополка 8-ма. Недела дерби ФК Бабуна -ФК Превалец. Резултати и на ФК Работник од Лозово -Трета лига Исток

Петар Печков

Во четвртото коло од Третата фудбалска лига Центар  победа и две нерешени средби за велешките екипи. 

ФК Превалец дома со 3:0 (1:0) го совлада петто пласираниот тим на ФК Тополчани, со головите на Крстев во петата минута, Велковски во 73-та и Донев во 83-та.  ФК Бабуна на гостувањето во кавадаречка Марена,  против истоимениот тим -шесто пласиран на табелата, спаси бод во финишот во 80-тата преку  Куртагиќ. Домашните повеле преку Стојчев  во 27, ФК Бабуна израмнува на 1:1 во  преку  Петкоски и ново водство за ФК Марена со голот на  Јованов во 65. ФК Тополка играше дома  со ФК напредок од прилепско Крушеане, 2:2 а гостите досега немаа ниту бод, ова им е прв во ова конкуренција. 

По четири кола сам ан врвот е ФК Превалец со 4 победи и максимален број бодови 12, втора е ФК Бабуна со 10 бода а ФК Тополка е  осма со 4 бодови. Во следното коло, недела се игра дербито на првите две екипи ФК Бабуна е домаќин на ФК Превалец. ФК Тополка  гостува во прилепско Црнилиште на ФК Ново Црнилиште која е деветта со една победа и три бодови.   

И за настапот на екипата на ФК Работник од Лозово во Трета лига Исток. Тие во третото коло дома, во Лозово со 2:0 (0:0)  ФК Кежовица од Штип. Домашните до трите бода стигнаа во финишот во последните 10 минути со головите на  Стефановски 81 и Атанасовски 90-та. По три кола ФК Работник е трет од осум екипи, со две победи и шест бодови. Во следното коло Работник гостува на претпоследниот тим  ФК Рудар од Пробиштип кој има една победа и три бода. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »