речник контакт

ФК Борец не успеа, Победа (Прилеп) останува прволигаш

На чекор до влезот во елитното друштво велешани поразени со 1:2

Петар Печков

Во решавачкиот натпревар за пласман во Првата лига, екипата на ФК Борец загуби во Струмица од ФК Победа со 1:2 (0:2).  Со овој резултат прилепчани остануваат во елитното друштво. 

Првото полувреме прилепчани го добија со 2:0 со головите на Ивановиќ  во 8 мин  и на Велковски  во 29-та. Во вторите 45 минути велешани преку Кудијан 56-та намалија на 1:2. Пред самиот крај на мечот поради физичка пресметка судијата Дејан Јакимовски ги исклучи Велковски (Победа) и Кудијан (Борец).

Останува шпекулацијата дека поради финансиски проблеми екипата на Академија Пандев да се откаже, или Борец да го превземе овој клуб., па така да настапува од есен во Првата лига.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »