речник контакт

ФФМ одлучи Ранготов најдобар во футсал, Фазлагиќ млад фудбалер

За тренер награда доби Марјан Стефановски (КМФ Велес)

Петар Печков

На петочната гала вечер Фудбалската федерација на Македонија ги додели годишните награди. Признанија добија и тројца лауреати  велешани , потекнуваат од Велес или настапуваат за велешки клуб.    

Дарко Ранготов е прогласен за најдобар  футсал играч во 2018-тата. Со него велешани годинава ја освоија шампионската титула - КМФ Велес.  Ранготов кој е и врвен стрелец, настапува и за македонската  футсал селекција.  

Енис Фазлагиќ од Горно Оризари го доби признанието за најдобар млад фудбалер.  Тој пролетва играше за  ФК Шкендија, и го освоија националниот куп а од летото замина во Словачка, во прволигашот ФК Жилина и е еден од најголемите фудбалски  таленти во Македонија.

За најдобар тренер во футсал  е прогласен Марјан  Стефановски  од КМФ Велес со кого велешкиот прволигаш ја освои титулата шампион на Македонија. 

АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »