речник контакт

Фабриката за вода доби нов озонатор, вреден 240 илјади евра

Озонот е ултра јако дезинфекционо средство кое ги убива сите бактерии кои се присутни па водата која ја пијат велешани, ќе биде бактериолошки најисправна

Петар Печков

Во фабриката за преработка на  вода на ЈКП Дервен, денес беше предаден во користење новиот озонатор, инвестиција вредна 240 илјади евра.  На овој начин е заменет досегашниот озонатор, кој е во употреба, од 1991-ва откако Фабриката е пуштена за употреба и е со застарена технологија, за кого е отежната набавката на резервни делови. 

Фабриката за преработка на вода на ЈКП Дервен се снабдува со сирова вода од ЈВП Лисиче.  Затоа при третманот на водат  е потребно да се воведат оксидациони и дезинфекциски просеци со помош на озон. 

Поради застареноста на постојниот озонатор, имавме годишно трошоци за одржување од 10 до 15 илјади евра и затоа е извршена набавка на новиот генератор за производство на озон.  Генераторот е од исклучителна важност и непроценливо значење за фабриката, за да обезбедиме  физичко- хемиска и микробиолошка исправна вода, која  ќе ги задоволува максимално дозволените концентрации, според правилникот за безбедност на вода - кажа  Јагода  Аврамова инж. за квалитет на вода од Фабриката за вода.     

Со новиот озонатор ќе бидат  намалени трошоци при производството на вода за пиење - новиот генератор за озон работи со помала моќност на електрична енергија, намалени се трошоци за одржување на генераторот за озон, обезбеден  е континуиран процес на производство на озон и воведување на автоматска работа на генераторот за озон преку процесните инструменти и СКАДА системот. На крај се  обезбедува квалитетна и безбедна вода за пиење за корисниците. Новиот озонатор е производство на реномираната италијанска фирма  ,, ДЕ НОРА ТПФ 37,, а  ЈКП „Дервен“ за него плати  14,75 милиони  денари.  Овој озон генератор е најнова генерација на производство, поедноставен за употреба. 

Озонот е едно ултра јако дезинфекционо средство. Тој тука во оваа фабрика ги убива сите  бактерии кој се присутни. Така водата која ја пијат велешани,  ќе биде бактериолошки најисправна - кажа Стево Војновиќ,  од фирмата Аква инжинеринг   од Белград - Србија, која ја инсталираше опремата.  

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »