речник контакт

Фабрика за опасни материјали ги запали еколошките страсти

Осетливоста на моментот, кога германскиот инвеститор сака да започне со постапката,не им оди во прилог.

Петар Печков

Најавата за отворање на фабрика за производство на био-дизел гориво и опасен отпад наиде на отпор кај локалното население, но и стопанствениците со кои таа ќе се граничи. Иако процедурата е само во најава, реакциите се реални и жестоки. Таа треба да се гради на просторот помеѓу некогашните економски  гиганти Порцеланка и Нокатекс, денес само слика на некогашната моќ. Се наоѓа во подножјето на  велешкото село Горно Оризари, кое брои околу три илјади жители.

Мислат странците дека државата е сиромашна и дека можат да прават што сакаат, да купуваат добар простор, да градат фабрики кои загадуваат. Самото име на фабриката, за преработка на опасни материи премногу боде во очи. Кога е во прашање животот на сите нас, ќе ги користиме сите правни средства фабриката да не се изгради на 500 метри од населбата и училиштето  - вели  претседателот на МЗ Горно Оризари. 

Осетливоста на  моментот, кога германскиот инвеститор сака да започне со постапката, во време кога велешани жестоко се спротивставуваат на започнувањето на повторна работа на големиот загадува топилницата, не им оди во прилог.

 Сите што имаат приговор за локацијата на фабриката можат во писмена форма тоа да го сторат и ќе биде земено во предвид.  Имате право да го кажете своето мислење  и став, а надлежните тоа ќе го ценат - велат од Декон Ема консалтинг компанија кој ја работи еколошката дозвола за фабриката.

Инвеститорот, германска фирма објаснува дека се работи за фабрика од затворен тип, која не ја загадува околината. Тие ќе користат индустриско масло, комунален отпад и пластика ќе се добива крајниот производ.   Објаснуваат дека ова  е трета локација која е избрана и доколку наидат на отпор, ќе бараат нова четврта. Планираат да вложат 800 илјади евра и вработат 50 лица. Загриженост од работата  на новата фабрика искажаа и соседните фирми, кои работат во комплексот на Нокатекс.

Дали пластиката што ќе се преработува е веќе претходно користена и за каков вид ПВЦ пластика станува збор. Ова се прашање кои треба да го одговори инвеститорот. Се плашиме дека со почнувањето на процесот на производство, ќе се наруши  нашиот систем, бидејќи со европската регулатива не смее да има во простор од 5 км таков  објект.  Ако таа проработи, тоа значи дека ние ќе престанеме да работиме – велат од фабриката за медицински материјал ,,Вемед,, која е грчка инвестиција, и вработува повеќе стотина работници. 

За други бизнисмени, кои имаат фабрики во соседството причината за реакциите лежат во лошиот пристап на домашниот консултант за избор на локацијата.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »