речник контакт

Фатен амур капиталец од 21 кг

90 минути Марјан Манев со борел со риба, која не знаел ни што е додека не ја извадил на суво

Петар Печков

Деведесетина минути рано утрово, траела борбата со  амур капиталец на велешкото езеро Младост, по која риболовецот Марјан Манев извадил парче риба  тешко 21 кг. За да ја совлада, тој морал да влегува во ладната езерска вода а долго време не знаел ниту што уловил. Ова е еден од поголемите улови на риба на оваа вештачка акумулација. Имало досега фатени и поголеми примероци, но  според риболовците тоа бил крап тежок 25 кг.

Час и половина ми требаше да го совладам овој амур. Кога се затегна влакното мака мачев да го извлечам, не знаев што е. Дури кога го изнесов на суво, видов дека е амур. Го закачив на бојли, вид на храна за ловење риба, морав на влезам во водата за да го совладам и извадам од езерото. Па едвај го донесов и дома, бидејќи  бев со мотор  па беше тешко да се пренесе. Згора на тоа сите што ме гледаа по пат, бараа да се сликаат со рибата – вели Марјан Манев, кој сега може да се пофали дека го фатил најголемото парче риба во неговата кариера. Истата ќе заврши на домашната трпеза. Откако неговите пријатели и роднини слушнале, за богатиот улов, веќе стигнале и првите најави дека ќе има гости. Марјан ја одби понудата на неколку велешки ресторани за 9 илјади денари да го продаде амурот и така да заработи. Додека се фотографираше со огромното парче риба, минувачите  на Којник, каде што тој живее, не можеа да веруваат дека постои таков примерок.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »