речник контакт

Фестивалот Стоби привлече грчки туристи

Специјално за претставата ,,Античка крв,, дојда 50 гости од Грција

Петар Печков

Одигрувањето на претставата ,,Античка крв,,на Роуд  Денс  Компани од соседна Грција, донесе бројни грчки туристи во Велес. Педесетина гости, еден автобус на љубители на театарот дојде специјално  да ја гледа  оваа претстава. Грците два дена престојуваа во Велес, беа во прошетка на градот  но и на изведбата на претставата.

Режисерката на претставата Софија Спирату има во два наврати гостувано со нејзини претстави на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,. Во нејзината последна поставка ,,Античка крв,,  заеднички ја раскажува приказната за хероините  Антигона, Клитемнестра, Агава и  Електра.   

За нас е големо задоволство и чест што можеме да ја изведеме нашата претстава на Вашиот Фестивал. Ве поздравувам од името  Јоргос Јанис  поранешниот Министер за култура и спорт во Владата на Грција но и директор на Фестивалот  во  Грчкиот дел на Преспа, каде пред три седмици премиерно ја изведовме оваа претстава. Тој Ве поздравува со зборовите на голем Грчки поет,, Ви давам збор, ви давам рака,,.  Што ќе рече преку  културата и цивилизациските придобивки, ние можеме да бидеме едно. Ќе ни биде драго да бидете наши гости  на Фестивалот во  Флорина (Лерин) - изјави режисерката Спирату.

  Ова беше втора претстава одиграна на 14-тото издание на ФАД Стоби,  на отворањето се одигра ,,Антигона,, на гостите до Турција во изведба на двајца македонски актери Слаѓана Вујошевиќ и Никола  Настевски.

Фестивалот продолжува недела, со гостувањето на театарот ,,Александар Моисиу, од Драч , и Лаертис Василу од Албанија. Тие ќе ја одиграат претставата   ,,Електра,, на Софокле а во режија на  контроверзниот грчко -албански автор   Лаерт Василу. Тој меѓу другото има добиено награда на и Фестивалот ,,МЕССС,, во Сараево.

За вторник е предвидена претставата ,,Прометеј,, на Турскиот театар од Скопје. Претставата е во режија на Дејан Пројковски.  И двете се играат на сцената на велешки театар со почеток во 20  ч. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »