речник контакт

Фестивалот ,,Војдан Чернодрински,, се покажа не фер кон некои од театрите

Имајќи ги во предвид се што ни се случи на театрите на состанок побарав во името на сите театри да се одложи изданието на Фестивалот за на есен, не е заковано во камен дека треба во мај или јуни, можеше во септември -вели директорот Ивановски

Петар Печков

Претстава на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот, по долги години не е дел од  фестивалот ,,Војдан Чернодрински,,.  Нивна претстава не била влезена во програмата на 54-тото издание на професионалниот театар од земјава, со образложение дека не ги исполнува условите, задоцниле со премиерата. 

Директорот на велешки театар режисерот Александар Ивановски  вели дека тие имаат свои образложенија, со кои ги бранат нивните позиции. Нивното отсуство од Фестивалот, тој потенцира дека се должи на доцнењето на сите процедури и рокови  во подготовката на една претстава. 

Фестивалот се води по своја програма и статут, кои знае да ги прекрши, според потребите. Годинава требаше да се направат  доста  исклучоци од фестивалот кон театрите. Причина се доцнењето на средствата од Министерството, не можноста да се подготви достојно претстава, ако веќе тој постои за театрите а не ние заради нив.  Тој требаше да ни даде простор да направивме достојни претстави. Секоја селекција ја прифаќаме, но кога не можеме да ја реализираме сопствената програма, од други не театарски причини. Јас на состанок побарав во името на сите театри да се одложи изданието на  Фестивалот за на есен, не е заковано во камен дека треба во мај или јуни, можеше во септември. Ниту еден театар  сам  од себе, не реши до април да нема премиера. Фестивалот се однесе не фер спрема некои од нас  - кажа Ивановски.  

Доцнењето на исплатата на средствата од годишната програма за култура на Министерството, како и скратениот буџет се причина што  поголем дел од македонските театри своите годинешни премиери решија да ги одржат во мај, во месец кога привршува театарската сезона.  Поради тоа некои од театрите на 54-тото издание  на ,,Војдан Чернодрински,,  учествувале со лански претстави. 

Прв пат оваа година имавме ситуација  до втора половина на април месец во земјава да немаше театарска премиера.  Крајот на зимата и почетокот на пролетта е најпродуктивен за театрите, тогаш излегуваат премиери, за да има време да се гледаат. Премиера во средина на мај е крај на сезона. За тоа одговорноста е кај Министерството, тоа не ја завршило работата на време. Целиот механизам на одлучување падна во вода и тоа е колапс. Ако ова се повтори и до година, ќе биде катастрофа. Да бев министер јас сам ќе си дадев оставка, не од здравствени причини - рече режисерот Владимир Милчин.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »