речник контакт

Фестивал на античка драма „Стоби 2006“

Утревечер со премиерата на претставата „Дом за птици“ од Петре Бакевски, во режија на Горан Тренчовски ќе биде отворен петиот јубилеен меѓународни фестивал на античка драма „Стоби 2006“.

Петар Печков

Утревечер со премиерата на претставата „Дом за птици“ од Петре Бакевски, во режија на Горан Тренчовски ќе биде отворен петиот јубилеен меѓународни фестивал на античка драма „Стоби 2006“. Претставата е работена од велешкиот театар Јордан Хаџиконстанитнов Џинот и во неа темата е учеството на античките Македонци, или поточно на Пајонците во Тројанската војна. Приказната се одвива преку стариот крал на Пајонците Пирајхме кој е на страната на тројанците и неговата љубов кон Поликсена. Претставата е работена како алегорија, во два дела во античкиот и во современоста, кога главните актери живеат во денешнината. Во неа настапуваат: Самоул Стојановски, Весна димитровска, Зорица Панчиќ, Едмонд Сотир, Роберт Ристов, Љубе Терзиев, Крсте Јовановски како гостин од струмичкиот театар. Костимите се на Татјана Медџарова Стојановска, сценографијата на Вангел Божиновски а музикат ана Миодраг Неќак. Отварањето на фестивалот е закажано за 21 часот во античкиот локалитет Стоби, акдед ќе се одржат сите претстави. Ова, за разлика од минатите изданија, ќе биде единствената македонска претстава на „Стоби 2006“. Останатите четири представи кои ќе бидат прикажани до затварањето на седми август, се гостувања на театри од Украина, Холандија,Србија и Грција. Претствата „Златно руно“ е украинско-бугарска копродукција, од Србија доаѓа претставата на ужичкиот театар „Пилат“ холанѓаните од Амстердам се од Гранд театар со „Електра“ од Софокле и за крај на затворањето гостуваат грците со претставата „Тројанските жени“ на театар од Атина. Жирито во состав режисерот Стојан Стојановски и актерите Катина Иванова и Кирил Ристовски ќе ги доделата следните награди Гран при за претстава во целина, најдобра режија и две актерски за машка и женска улога. Фестивалот на античкиот театар кој е локална институција, е финансиран од Министерството за култгура и локалниот буџет.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »