речник контакт

Фестивал на храната на хотел Романтик

Хотелот Романтик покрај езерото Младост ќе биде домаќин на првиот меѓународен гастрономски фестивал кој ќе се одржи од 20-ти до 26-ти јули.

Петар Печков

 На него ќе бидат претставени четири национални кујни на Хрватска, Италија, Полска и Босна и Херцеговина а ќе ги подготват познати и признати мајстори на тамошните кујни. Така преку размена на храна како специфика на секоја држава  ќе се зближуваат и народите.

Со цел запознавање на македонската јавност со традиционалните кујни на други држави, овој пат на земји од ЕУ Полска и Италија и од соседството Хрватска и БиХ. Низ историјата е докажано дека народите најдобро се зближуваат преку храната и јадењето. Затоа за да се зближиме повеќе со овие земји, решивме да организираме прв ваков фестивал во Македонија – изјави Славче Ефтовски  директор на Хотелот ,,Романтик,,

.Поголемиот дел од храната ќе се подготвува со домашни, македонски продукти, освен некои, околу една третина кои куварите ќе мора да си ги донесат од нивната земја. Меѓу мајсторите на кулинарството, храната ќе ја подготвуваат Алдо Чатлак презентер на националната хрватска телевизија ХТВ, италијанската храна ќе ја подготвува  Галупо Мксимо Галуко и Анатонио Унгаро, шефови кои работат на промоција на познатата италијанска опрема за готвење Линокс, од полска доаѓаат Павел Кибар и Павел Матиошик а од БиХ мајсторите Михад Мамелехџија и Нермин Хоџиќ кои работат на  промоција на храна на националната телевизија ТВБиХ.

Фестивалот е ревијален, организиран со невладината организација ,,46664,, а секоја вечер започнува во 20,30 часот, подготвената храна ќе може да се густира а за виното е задолжена винаријата ,,Стоби,,

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »