Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јуни 2024
Пет филма се наредните седум дена на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес.
Филмот „Хоризон“ на Кевин Костнер е филмска приказна за 15-годишниот период пред и по граѓанската војна во Америка, за експанзијата и населувањето на американскиот запад. Оваа приказна се раскажува во четири дела, две ќе бидат прикажани летово, првиот дел од денес, вториот од 7 август.
Дел од популарната франшиза „Тивко место“, филмот „Тивко место: Прв ден“ со мото Останете тивки, останете живи, ги прикажува настаните од првиот ден на инвазијата од вонземјани. Кога Њујорк се соочува со инвазија од вонземјани, една жена и други преживеани се обидуваат да најдат начин да избегаат на безбедно. Наскоро дознаваат дека мора да останат апсолутно тивки бидејќи мистериозните суштества се привлечени и од најмалиот звук.
Анимираниот „Подлиот јас 4“ е трета премиера во 3Д киноверзум, оваа седмица. Гру, омилениот светски супернегативец кој по многу пресврти стана агент на Лигата на негативци, се враќа во возбудливата, смела нова ера на хаосот на Minions во новото продолжение продуцирано од студиото Illumination.
„Опаку, наопаку“ е американски анимиран, семеен филм за сите возрасти, продолжение на успешниот филм од 2015 година. Филм кој два викенда е најгледан во светот. Семеен филмски хит кој со сигурност ќе ве насмее. Направете место за нови емоции со најновиот филм од Дизни! Среќата, тагата, лутината, стравот, гадливоста силно ќе бидат потресени со доаѓањето на тежината, досадата, зависта, срамот. Филмот е во продукција на Pixar Animation Studija и Walt Disney.
„Егзорцизам“ е американски натприроден хорор филм со Расел Кроу во улогата на Ентони Милер, актер чија влошена ментална состојба за снимањето на хорор филм предизвикува неговата ќерка Ли да се сомнева или во неговите поранешни зависности или во некоја позлобна причина. По првата недела од прикажувањето, се најде на 6 место според посетеност во светот.
Tweet |