речник контакт

Финансиска помош за млади земјоделци од 10 илјади евра добивале административци, не земјоделци

Министерот Николовски не кажа дали и велешани добивале ваква помош,но додаде обвинителството и полицијата ги истражуваат апликациите од 2016-та

Петар Печков

Финансиската помош за младите земјоделци во 2016-та била злоупотребена а ај добиел лица кои немаат допирна точка со земјоделието. Ова го кажа министерот за земјоделие Љупчо Николовски при вчерашната посета на Горно Оризари.  

Финансиска помош  од по 10 илјади евра добивале  луѓе кои се вработени во администрација, луѓе кои не се занимаваат со земјоделие - рече Николовски. Тон не кажа дали има и велешани кои се на оваа листа, туку посочи одговорот да се бара во обвинителството и полицијата.   

 Во 2016-та кога за прв пат е распишана оваа мерка, имало само еден услов прв дојден прв услужен. Други критериуми немаше и имало 1,6 илјади апликации  и добиле 80 лица сите преку ноќ направени.   Институциите на државата, обвинителството, полицијата,  работат на вакви случаи и верувам дека ќе излезат  со детали. За илустрација имаме пресуди за Јапонската помош, пари давани за механизација  кои не биле враќани.  Одредени фирми треба да враќаат пари, имаме една таква пресуда во висина од 200 илјади евра кои незаконски  биле земени- појаси министерот Николовски.    

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »