речник контакт

Фондацијата Фокус ќе стипендира упис на факултет на двајца матуранти

Ситните пари на велешани, собрани заедно доволни за стипендирање на двајца одлични завршени матуранти од социјално загрозени семејства

Петар Печков

Фондацијата „Фокус“ од Велес реши  средствата од фондот за поддршка,  оваа година да бидат наменети за двајца одлични велешки матуранти од социјално загрозени семејства за да се запишат на факултет. Еден од нив  заврши  Гимназијата, а вториот во  Хемиско училиште.


Им благодариме на велешани, кои преку годината, нивнтие ситни пари ги оставаа во нашите касички. За нив се тоа ситни, но кога ќе се соберат тоа се пари со кои ќе им помогнеме на двајца завршени средношколци со одличен успех да се запишат на факултет , каде тие сакаат - вели весна Шкортова директорката на Фондацијата „Фокус“.

Тие биле избрани од 12 ученика кои ги исполнувале условите, одлиучен успех и дека се од социјално згрозени семејства, а во  соработка со училиштата и Центарот за социјална работа. Досега биле собрани 20 илјади денари, а до крајот на годинава  се планираат уште 4.000 денари.

Средствата ги донираат граѓаните на Велес  во касички на Фондацијата „Фокус“ поставени во  маркети низ Велес, Жито, Алфа, Зага и Ани и во хотелот „Романтик“

Проектот почна во 2009 година, со наслов „365 дена, по денар“.  Средствата од велешани што тогаш се слеваа во фондот за поддршка,  „Фокус“ ги намени за бесплатен оброк на 50 основци од Велес и за набавка на лектири и енциклопедии за ученици од социјално загрозените семејства

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »