речник контакт

Формирани мобилни тимови за помош на ранливи категории на територии на општина Велес, Чашка, Градско, Лозово

Оваа мерка е воведена поради ново настанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот

Петар Печков

Општина Велес формира мобилни тимови за помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на Општина Велес. Оваа мерка е воведена  поради ново настанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот. Услугата која ќе ја спроведуваат овие тимови се состои во набавување храна и лекови со сопствени средства на лицето кое ја бара услугата.

Мобилните тимови составени од волонтери на Црвениот крст од Велес, Територијалната противпожарна единица, вработени во Центарот за социјални грижи, општинската администрација и други волонтери, се  на располагање 24 часа за ранливите  категории граѓани, со цел истите да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (корона вирус) - информираат од локалната власт. 

Граѓаните на кој им треба ваква помош, нивни блиски, роднини, пријатели, соседи, може да стапат во контакт со мобилните тимови на следните телефони: 078 254 729; 075 272 485; 075 247 637.

По јавувањето, до домот на нарачателот пристигнува мобилниот тим, кој  ја прими нарачката, а нарачателот врачува соодветна сума на парични средства. Потоа, мобилниот тим ја спроведува услугата, се враќа во домот на нарачателот со продуктите и фискална сметка.

Ваков мобилен тим е формиран и во општина Чашка  со телефонски броеви: 076 426 830; 075 499 340

Градско со телефони: 070 566 261;  078 441 443

Лозово со телефонските броеви: 078-235-136;  071-586-656;  032-458-458

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »