речник контакт

Формиран Одбор за спас на Велес од Топилницата

Тендерот и продажбата на велешка Топилница треба да ги испита Антикорупциската комисија и Владата на Република Македонија, ова го побара новоформираното тело Одбор за спас на Велес. Во него влегуваат дваесетина граѓани на Велес, советници, доктори, познавачи на проблематиката на животната средина. Повикувајќи се на уставното право на здрава животна средина, велешани побараа итна средба со претставниците на Владата а ја осудија продажбата на Топилницата.

Петар Печков

Ќе ги превземе сите мерки кои ги дозволува законот за да не се дозволи рестартирање на Топилницата на ова место, со оваа технологија - изјави членот на Одборот за спас на Велес Кире Василевски. За оваа цел донесени се девет заклучоци, по кои тие ќе работат и треба да се решат за десет дена. Десетиот го донело граѓанското здружение „Зелена коалиција“.

По истекот на 10 дена кои одборот си ги зададе, ние ќе ги повикаме граѓаните на перманентни протести до решавање на  проблемот со Топилницата еднаш засекогаш – изјави Александар Кукулев. На завчерашниот тендер за продажба на МХК Злетово беше отворена единствената понуда од ДООЕЛ „Метрудхем“ чиј управител Богдан Комленац од Белград понудил 2,25 милиони евра за да го купи МХК Злетово во стечај. Според поднесената документација на тендерот  „Метрудхем“ е регистрирана на 10-ти јуни на Британските Девствени острови со влог од еден милион евра. На тендерот се пријавил уште еден заинтересиран купувач, турската „Јалум Диштиџарет“ од градот  Искедер. Нејзината пријавата е  отфрлена откако Одборот на доверители констатирал дека турците уплатиле 100 евра помалку од потребните еден милион за гаранција, кои банката ги присвоила како провизија. Турците  сопштија дека Топилницата сакаат да ја купат за 3,3 милиони евра, објектот да го срушат и продадат како старо железо и тука да изгрдат Трговски центар како и мали и средни претпријатија, а на местото до фабриката за вештачко ѓубре да изградат железарница.

Ќе се жалиме и  користиме сите правни лекови, ќе се бориме до крај, бидејќи сакаме да ја купиме Топилницата и нема да се откажеме -  изјави Шефшет Демировски, застапник на турскиот купувач кој објасни дека неговата фирма има шест железарници во Турција и една во Либија.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »