речник контакт

Форца Нова и Гемиџии не успеаја да влезат во Трета лига Југ

Двете екипи се поразени во баражот

Петар Печков

Се одиграа и бараж натпреварите за влегување во Трета лига Југ. Двете велешки екипи кои учествуваа во разигрувањето се поразени. Форца Нова загуби со 2:0 од екипата на Кожуф од Гевгелија, натпреварот се играше во Росоман.

 Иако шестопласирани во Општинската фудбалска лига  екипата на Гемиџии пројави интерес  да игра бараж   за повисок ранг натпреври. Играше во Прилеп против екипата на Тиквеш од Кавадарци и беше декласирана со 8:0.

 Така во Трета лига Југ  останаа од есен да играат Борец 1919 и екипата на Превалец. Затоа Општинската ќе биде интересна, каде ќе има силна конкуренција.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »