речник контакт

Форца Нова првак на општинска фудбалска лига

Тие во финалето го победија тимот на Локомотива од Градско со 4:1

Петар Печков

Неочекувано екипата на  Форца Нова е новиот првак на Општинската фудбалска лига за Велес. Тие во саботата во финалето ја победија екипата на Локомотива од Градско со 4:1, со подобра игра во текот  на сите 90 минути. 

Поразените пред натпреварот беа  фаворити, на терен се покажа дека фудбалерите на Форца Нова повеќе ја посакуваа победата. Иако беа втори во регуларниот дел до првенството во групата А, во разигрувањето стигаа до титулата првак, за што добија и пехар од ОФС.

Не е познато дали тие директно ќе играат во Трета лига Југ или ќе мора да минат низ квалификации. Ова во зависност од тоа колку екипи од регионот ќе се пријават да играат во следната натпреварувачка сезона.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »