речник контакт

Фотографии од напуштените велешки храмови, пред велешани

Фото изложба на Стефан Шашков

Петар Печков

Во Ликовниот салон во  Велес  отворена е   фото изложба на скопскиот фотограф Стефан Шашков, насловена „Напуштените храмови“.  На неа се прикажани  24 фотографии  од  86,  создадени во 2014 година, во селата во велешко регион.  По Њујорк, каде беше прикажана во јануари, сега можат да ја видат и велешани. 

Изложбата  ќе ја немаше ако не  беше џез гитаристот  Тони Китановски, кој кога ги виде ме убеди да  конкурирам пред Министерството за култура, за да можам фотографиите да ги претставам  пред македонската јавност. Кај овие фотографии имаше една друга димензија. Влегуваш во храм кој не  е отворен со месеци, со години, на домаќинот му треба време да го најде клучот, да се отвори. А тогаш се отвора неверојатна слика, секој агол е фотографија за себе. Видовме околу 70 цркви  а кога  влегувавме во нив, прво што почестувавме е мирисот на мемла, создадена со години и години  -  изјави авторот Шашков.  

Има дипломирано на Институтот за историја на уметност и археологија при УКИМ, реализирал повеќе изложби и добитник е на повеќе  награди, меѓу кои е и Специјалната награда на жирито за документарниот филм „Бои во времето“ на „Астерфест“. Фотографиите се создадени  при посета од страна на Дарко Николовски, советник конзерватор во Републичкиот завод за заштита на спомениците, кој работел на проект по црквите  во велешките села а Шашков му правел друштво.

Приказната  за напуштените храмови, кои се дел од богатото културно наследство сведочат за автентичноста  на македонската градителска и зографска традиција. Тие пленат со просторот во кои се изградени со материјалното и духовно наследство. Низ овие фотографии сведоци сме на многу настани кои се случиле во црквите, манастирите,  на многу желби, надежи, крштавки, венчавки, тагувања, погреби. Шашков фотографира, пишува со светлината и темнината – рече Елица Николовска директор на велешкиот Народен музеј, отворајќи ја изложбата.    Таа  досега е презентирана во Њујорк, Струмица и Куманово а во Велес ќе остане две седмици. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »