речник контакт

Французите шампиони во користењето интернет

Европејците се повеќе го користат интернетот, а Французите се европски шампиони по бројот на часовите што ги поминуваат „сурфајќи“, покажаа резултатите од истражувањето што го спроведе Европското здружение за интерактивно огласување.

Аница Солева

Европејците се повеќе го користат интернетот, а Французите се европски шампиони по бројот на часовите што ги поминуваат „сурфајќи“, покажаа резултатите од истражувањето што го спроведе Европското здружение за интерактивно огласување. Французите го пребаруваат интернетот во просек 13 часови неделно, а според времето поминато на мрежата најблиску им се Британците и Шпанците, со по 11 часови неделно. Европскиот просек е 10 часови и 15 минути. Најмалку време на интернет минуваат Италијаните - осум часови неделно, покажало истражувањето во кое учествувале една илјада испитаници. Европејците годинава поминале за 17 проценти повеќе време на интернет за разлика од лани и 56 отсто повеќе време отколку во 2003 година. Истражувањето покажало дека дури 24 проценти од испитаниците на интернет поминуваат повеќе од 16 часови неделно и дека 69 отсто се “приклучуваат„ најмалку пет денови неделно.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »