речник контакт

Француски туристи го видоа Велес

Посетителите од Франција оценија дека имаме многу што да покажеме на планот на туризмот и ни порачаа да ги спасиме старите куќи од пропаѓање

Петар Печков

Во организација на Асоцијацијата на историчари и здружението АЛМА од регионот Алзас, Франција, четириесетина професионалци историчари, конзерватори и кустоси на 7-ми јуни годинава го посетија Велес. 

Улогата на туристи им годеше на гостите од Алзас кои најмногу уживаа во специфичната игра на каменот и дрвото во традиционалната велешка куќа. Тесните сокаци, конфигурацијата на теренот и виножитото над Вардар беа моментите кои ги привлекоа француските туристи.

Тие особено уживаа во откривањето на спецификите на архитектурата во спомен куќите на Главинов и Џинот, а најмногу се задржаа во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“ каде ги привлече неверојатната приказна за создавањето и акустиката на црквата.  Истовремено гостите можеа да видат и дел од старите куќи кои се распаѓаат, како инсталацијата виси по небото.

Посетителите од Франција оценија дека имаме многу што да покажеме на планот на туризмот и ни порачаа да ги спасиме старите куќи од пропаѓање зошто токму тие се во фокусот на интересот на туристите. Во седумдневната прошетка низ Македонија, посетителите од Алзас имаа можност да ги видат и убавините на Охрид, Битола, Прилеп и други градови низ Македонија.

Од Велес за Франција ги испрати лично Амбасадорката на Франција Лоранс Оер. Таа оствари неформална средба со Градоначалникот Славчо Чадиев на која ги разгледаа можностите за продлабочување на соработката. Посетителите од Алзас, најавија проект за размена на туристи со учество на водечки тур оператори од Македонија и Франција.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »