речник контакт

Фротком во нови простории со нови услуги

Со новите простории и новите услуги сме поблизу до клиентите -вели сопственикот Драган Костовски

Петар Печков

Светската  компанија Фротком чиј застапник за  Македонија  е ЛКВ Костовски од  Велес  од неодамна се преселија во нови простории. Тие се наоѓаа во  индустриска зона ,,Караслари,, близу Маркард.  Во новите простории ,,Фротком,, е и со ново работно време од 8 до 20 ч. се работи во две смени. Услугите што тие ги нудат се ориентирани кон транспортни компании, меѓународен превоз

 Со овие нови простории сме поблизу до нашите клиенти. Ние сме дел од светскиот бренд Фротком, кој го има во 30 држави и тој е лидер во  ЏПС системот.   Нудиме повеќе услуги  за тешки товарни возила и за фирми, кои се наша цел.  Нудиме следење онлајн на возила, инсталација на разни сензори,  аларми за врата, контрола на гориво,  симнување на тахограв податоци он лај без никакво апарат, сензори   за температура, стенози за гориво . Во пракса  може да се контролира од Велес, во било кој дел од светот каде е возилото, колку гориво има. Овозможуваме  текстуална комуникација  со возачите и канцеларијата - изјави Драган Костовски директор на  ,,Фротком ,, застапништвото за Македонија .

Фротком интернационал  е со седиште во Лисабон работи  од 1997, се занимава со инсталирање на ЏПС опрема.  Фротком е интелигентна и професионална алатка за следење на возила и управување на флота, дизајнирана за контрола на шофери, комуницирање со нив и внимателно следење на начинот на возење.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »