речник контакт

Фудбалерите на Борец губат дома и од последниот на табелата

Повеќе порази отколку победи за велешките екипи овој спортски викенд. Фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, футсал... Кој се радуваше а кој тагуваше

Петар Печков


           Разочарувачки е поразот  и тоа убедлив од 3:0, кој велешки Борец  го доживеа на домашен терен од екипата на Локомотива со Скопје. За илустрација гостите се последни а  Борец е претпоследен, згора на тоа есеноска Борец таму победи со цели 6:0. По овој пораз евидентно е дека екипата на Борец  се враќа во Третата лига, нема надеж ниту квалитет за овој ранг. Фудбалерките на Борец ова коло беа слободни. 

Женската одбојкарска екипа на Борец Брако на домашен терен загуби од екипата на Бами кор од Тетово со 3:2. Но и со овој пораз, тие освоија еден бод со што остануваат на шестото место на табелата, во пресрет на последното коло.

Во ракометната прва лига машката екипа на Борец на домашен терен ја победи Струга со 27:23, полувреме 13:12. Женската екипа пак на Борец на домашен терен загуби од Чаир со   16:34, полувреме 8:14.

Кошаркарите на Борец Баскет загубија од екипата на Михајловски со  73:63 и на две кола пред крајот се со предност на првото место за пласман во Втората лига.

Изненадување направија членовите на екипата на Велес во првата лига во футсал, кога на саботното гостување во Куканово победија со 8:5 против екипата на КФМ Иларет.  

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »