речник контакт

Фудбалерите не се веќе претпоследни, сега се трети одоздола

Чудо, фудбалерите на Борец три кола не се поразени, но ниту пак победија. Победа на одбојкарите и ракометарите на гостувањата

Петар Печков

Изминатиот спортски викенд донесе повеќе радости отколку порази за велешките екипи. Фудбалерите на Борец дома одиграа нерешено 1:1 со екипата на 11 Октомври до  прилеп. Гостите израмнија со пенал во 88-та минута, кој предизвика незадоволство кај домаќините. Ова е трет нерешен резултат на велешани во последните три кола. Така ја прекинаа серијата од 9 порази, но ниту пак Борец забележа победа во овие  три натпревари. Со овие резултати тие се најдоа на 14-тото место со 14 бода и  минимални теоретски шанси да го избегнат излегувањето од оваа конкуренција.


Екипата на Велес во футсал, на домашен терен го совлада  тимот на Црна река од Кавадарци со 9:6. Со оваа победа во последното коло тие го освоија петото место.
 
Фудбалерите  на Борец на домашен терен загубија со 6:2 од лидерот екипата на Кочани. Велешанки и натаму се петти во првата женска лига.  
 
Одбојкарките на Борец Брако гостуваа во Штип каде го поразија со максимални 3:0 ( 18, 12,19) универзитетскиот тим на   Гоце Делчев. Со ова првенството заврши а велешанки се 6-ти од 8 екипи, едно место погоре од лани.  Освоија 14 года и четири пати победија. Ова од  клубот го оценија како успех.

Ракометарите на Борец забележаа победа на гостувањето во Гостивар против екипата на Вардар Полог. Младите велешани  славеа  со 32 : 24, полувреме 19:10. Женската екипа на Борец  пак загуби од Моби Дик со 30: 13 полувреме 12:7.  
 
Кошаркарите на Баскет Борец ова коло беа слободни. Им преостануваат две гостувања за да ја заверат првата позиција во Третата лига и да се пласираат во повисок ранг. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »