речник контакт

Фудбалерите со пораз се простија од Втора лига, ракометарите загубија

Црн спортски викенд за велешките екипи, порази и за ракометарките и фудбалерките

Петар Печков

Втора лига   Уше еден порази тоа за крај во оваа конкуренција, за младинската екипа на велешкиот второлигаш кој загуби на домашен терен.  Борец Корзо 1:4. Борец првенството од Втората лига го заврши како последен  16-ти оти натпреварот од последното коло против Руфеја нема да се игра, домаќините се откажаа на полусезона од лигата. Така Борец по само една сезона се враќа во Трета лига југ. А имаше проект Борец во Европа,  па друг проект одбор за спас на Борец...

Фудбалерките на Борец загубија со 7:0 во реванш натпреварот од полуфиналето на фудбалскиот куп на  Македонија. Тие се поразени од Кочани а на првата средба во Велес резултатот беше 8:0. Така кочанчанки се пред двојна круна.

 Ракометарите на Борец загубија во Чаир од екипа на Риниа М со 31:29 иако на  полувремето велешани  воделе со 14:11. Со овој пораз Борец ги загуби теоретските шанси за второто место и  надежта за бараж натпревар. Тие во последното коло играат токму против второпласирана екипа на Работнички во Скопје. 

Ракометарките на Борец во Куманово загубија со високи 37:15 од второпласираниот тим на Куманово.    Ова беше натпревар од 16-тото коло  а Борец е 8-ми од 10 екипи со  14 бодови.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »