речник контакт

Фудбалерките на Борец го изненадија Драгон, го победија кандидатот за првак

Очекувана победа и за футсал екипата на Велес. В среда новиот фудбалски шампион на Македонија Вардар гостува во Велес

Петар Печков

Во 15-тото коло од   Првата фудбалска лига  на Македонија женската екипа на Борец дома, на  Градски (не)очекувано го совлада Драгон од Битола со 2:1. Резултатот е сепак изненадување ако се знае дека гостинките  беа во игра за шампион и заостануваа три бода зад лидерот   Истатов. По овој пораз нивните шанси сериозно се намалија. Борец пак со овие три бода  е шести со 16 бода.  Следното коло велешанки се слободни. 

 Футсал екипата на Велес дома со високи 16:3 ја победи екипата на СЕЕУ Тетово. Гостите кои се во средината на  табелата, петти, не беа сериозен  противник па така овој натпревар  беше проверка пред најважниот во последното коло, против Шкупи кога ќе се решава прашањето за освојувачот на титулата.  По 25-тото коло  и натаму  разликата меѓу Велес и Шкупи е два бода. Во претпоследното коло Велес игра повторно дома против досегашниот шампион Железарец, кој е трети со 30 бодови.  

В среда од  16,30 ч. на Градски во Велес новиот шампион на Македонија во фудбал Вардар од Скопје, игра против новиот второлигаш велешки  Борец 1919.  Неофицијалните информации се дека скопјани  ќе  тестираат четворица Бразилци, кои се можни засилувања пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА.    

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »