речник контакт

Фудбалерките на Борец со победа во четврт-финалето

На Градски победена е екипата на Атлетико од Битола со 3:1

Петар Печков

Во натпревар од осмина финалето на  Градски, ЖФК Борец славеше со 3:1 против  екипата на  ЖФК Атлетико од Битола. Тоа беше цврст натпревар на две екипи со израмнет  квалитет. Гостинките и први поведоа за велешанки  со голот на Петрушевска израмнија, преку Србинката  Крстиќ поведоа а со вториот гол на Петрушевска во финишот и го заверија пласманот во следното коло.  

За тоа дека двете екипи со сличен квалитет говори и пласманот на табелата што Борец е трет а Атлетико четврт со ист број бодови. Куп натпреварите од 1/4  продолжуваат напролет а ждрепката ќе биде дополнително извршена.  

Првенствениот натпревар помеѓу овие две екипи, на почетокот од првенството кој заврши со победа на велешанки со 6:2 е под истрага поради сомнителното однесување на гостинките.   Фудбалерите на Борец настапи ги продолжуваат во првенството, недела на пладне а против Кочани која  е седмо пласирана.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »