речник контакт

Фудбалерките на ЖФК Борец учесници на камп во Палиќ, Суботица

Овој камп ги обедини машките и женски фудбалски тимови од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, ставајќи акцент на заедничкото дружење, поврзување и стекнување знаење

Петар Печков

Насмевки, прегратки и нови доживотни пријателства го одбележаа третиот едукативно -спортски камп „Создаваме шампиони за живот“ што се одржа од 2 до 5 јули во Палиќ- покрај Суботица. Таму учествуваа и фудбалерките на ЖФК Борец од Велес.

Овој камп ги обедини машките и женски фудбалски тимови од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, ставајќи акцент на заедничкото дружење, поврзување и стекнување знаење.

Младите спортски екипи на РФК Графичар, Академија Пандев, ФК Слога Добој, ФК Брезница и ЖФК Борец Велес овој пат не беа „лути“ ривали на теренот, туку меѓусебно се поддржуваа во успешното спроведување на сите активности за време на кампот.


„Првата генерација женски животни шампиони зачекори на патот кон нови информации, знаења и контакти заедно со третата генерација на животни шампиони, што додаде вредност на овој уникатен собир. Концептот кој инсистира дека не може секој да стане врвен спортист - спортски шампион, туку дека преку спортот треба да станат врвни луѓе - животни шампиони“ - соопштија од кампот.

На Палиќ  се собраа  170 деца  и нивните тренери, фокусирајќи се на спортот како средство за комуникација за важни општествени пораки , промоција на добри вредности и регионална соработка.

„Вие сте имиџот на општеството за кое заедно се бориме - општество кое се заснова на принципите на толеранција, меѓусебно почитување и разбирање, еднаквост и фер игра. Општество кое е свесно за важноста на борбата против негативните појави околу нас , вклучително и присутните во спортот.ги учи децата од најмалите зошто екологијата е важна или зошто треба да ги почитуваме и промовираме човековите права“ рече затворајќи ја средбата Александра Кнежевиќ, координаторка и креатор на концептот.

Со еминентни експерти од областа на педагогијата, психологијата и младинската работа, младите учесници на кампот, покрај заедничките спортски активности, имаа можност да се запознаат со фер-плеј, градење тимски односи и доверба, како и родова еднаквост во спорт, но и да ги посетат значајните културни и туристички атракции на Палиќ, од кои во посебно сеќавање ќе им остане ЗОО, единствена во овој дел на Европа по својот изглед и содржина.

Концептот „Создаваме шампиони за живот“ се спроведува со поддршка на Европската Унија преку програмата ЕРАЗМУС+ во областа на спортот и Фондацијата за деца на УЕФА.

Фото: ТВ Арена спорт

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »