речник контакт

Фудбалерките на Борец со убедлива победа најавија успешна сезона

Пораз во купот од бранителот Пелистер за фудбалерите на Борец. Одбојкарската екипа на Борец ги претстави трите засилувања со кои ќе атакува на титула

Петар Печков

Бранителот на титулата од Купот на Македонија, Пелистер од Битола со 4:2 го совлада велешкиот  второлигаш Борец 1919.  

Во денешниот прв осминафинален натпревар, Пелистер поведе со голот на Матеј Цветаноски во 28. минута. Во второто полувреме, на 2-0 зголеми Фереира во 48. минута, на 2-1 намали Андреј Кудијан во 61. минута, а за 3-1 за Пелистер се погрижи капитенот Мартин Ковачев во 77. минута. На 4-1 во 87. минута зголеми Фереира, а конечните 4-2 и надеж за гостите пред реваншот донесе Ѓорѓи Танушев со гол од пенал во 92. минута. Велешани можат да жалат за можноста за уште еден гол, кога во 91-та минута, Тале Трајков од 25 метри го матираше домашниот голман, но пречката ги спаси битолчани. Реваншот се игра на  1   8 октомври на  Градски во Велес. 

Потсетување, в сабота е дербито во Втората лига Исток, а  на  Градски во Велес, прв пат оваа сезона Борец  ја пречекува екипата на штипска Брегалница. Натпревар на второ  и трето пласираниот тим од табелата.   

Женската фудбалска екипа на Борец, на домашен терен со уверливи 6:2,  ја совлада екипата на Ателтико од Битола.  Ова беше натпревар од второто коло на Првата  лига. Во третото коло, велешанки в недела гостуваат во Македонска каменица  играат против екипата на САСА., која е  последна со дури 23 примени гола.

Денес на прес конференција  ГОК Борец ги претстави трите засилувања.  Васе Михаилов и Славе Наков. Тие настапуваат на позициите примач и среден блокер, а во Велес доаѓаат од екипата на Струмица. Исто така потпис на договор со ГОК Борец стави и Иван Андонов кој се враќа во Македонија по настапите во Албанија. Со ова се најавува борба за највисок пласман во Првата  лига.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »