речник контакт

Фудбалерките победија, фудбалерите нижат порази

Машката екипа на Борец наместо за врвот се бори за опстанок

Петар Печков

Женската екипа на Борец победи на гостувањето во Струга против  екипата на АС јунајтед со 3:1. За само четири дена ова е втора победа на велешанки над истиот противник претходната беше во купот. Со оваа радост Борец останува при врвот на табелата, тие се четврти со 23 бодови, на едно коло пред крајот на есенската полуетапа.

Во 14-тото  претпоследно коло велешки Борец, машка екипа забележа пораз на гостувањето во Прилеп од екипата на Корзо со 2:1. Велешани успеаја да израмнат и тоа беше најмногу што направија, бидејќи домаќините постигнаа уште еден гол и победија. Со ова Борец се најде во тешка состојба, на 12-то место со 12 бодови, заостанува зад екипите кои се пред него.

Го очекува тешка борба напролет за опстанок, оти од оваа конкуренција излегуваат дури осум екипи, лигата се намалува  од 16 на 10. А пред почетокот на првенството  раководството најавуваше борба за врвот, со спонзор кој никогаш не го кажаа а сега немале пари па се распродаваат квалитетните играчи а доведуваат фудбалери со сомнителни квалитети. Или ги загреаја навивачите а сега играат пред 50-тина најблиски гледачи.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »