речник контакт

Фудбалерките победија во гости

Ракоматерите обезбедија разигрување за Супер лига

Петар Печков

Победа за  женската фудбалска екипа на Борец на гостувањето во кочанско Оризари. Велешанки победија со  5:2 против екипата на Младост, која е сосед на табелата. По ова претпоследно коло ЖФК Борец остана на 6-тата позиција со 22 бода. Во последното коло, в недела во 16,20 ч. за разделба,  тие го пречекуваат новиот првак екипата на Драгон 2014 од Скопје. 

Убедлива победа на ракометарите на ГРК Борец на гостувањето во Струга кај   истоимениот тикм на РК Струга.  21:35 за велешани со што  се сигурно  втори во Првата лига, на коло пред крајот. До крајот на првенството останува да се одигра натпреварот против екипата на ГРК Лозари од Кавадарци наредниот викенд, а потоа следува бараж натпреварот за влез во Супер Лига (13-14 Јуни) Извесно е дека  можни  противници се Преспа 2010  и Текстилец Штип.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »