речник контакт

Фудбалските ветерани на Велес победници на турнирот на ветерани (фото)

Учествуваа 4 екипи, меѓу нив и познати фудбалски имиња

Петар Печков

По пети  пат на Градски стадион се одигра  фудбалскиот турнир на ветерани, кој има хуманитарен карактер.  Учествуваа четири екипи ветерани на ОФС Велес, на ОФС Куманово, ОФС Гази Баба и на фудбалската репрезентација на Македонија.

Најуспешни беа домашните велешките ветерани кои во финалето ги победија ветераните на  ОФС Куманово со 1:0 а во полуфиналето беа подобри со 2:1 од ветераните на фудбалската репрезентација на Македонија. Во второто полуфинале  ОФС Куманово со 1:0  ги победи ветераните на ОФС Гази Баба.

Настапија меѓу другите Саша Ќириќ, Ѓоре Јовановски, Томче Трајановски, Срѓан Захариевски и други. Во редовите на велешани играа Гоце Марков, Јованче Настов,  Ане Темелков, Панче Ќумбев, Трајче Шопов, Стојанче Штериев... а тренери беа Љубе Велковски и петар Ранготов.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »