речник контакт

Футсал клубот Велес елиминиран во полуфиналето од Купот

Фудбалерките на Борец загубија дома во заостанат натпревар од Прва лига

Петар Печков

Футсал екипата на КМФ Велес е елиминирана од Купот, во полуфиналето. Тие вчеравечер загубија дома на пенали од екипата на КМФ Железарец со 5:6, во регуларниот тек натпреварот заврши 4:4. Така откако не успеаја да го освојат пехарот во првенството, остана и без трофеј во ова натпреварување.

За изненадување се погрижи и помладиот чариски тим КМФ Шкупи 1927 кој го порази првакот КМФ Шкупи со 9:3. Финалето се игра на 1-ви јуни во Кавадарци и играат КМФ Железарец и КМФ Шкупи 1927. Купот  во футсал КМФ Велес го освои во 2017-та и Дени Комерц кој го освои Купот во 2011-та. 

Попладнево на Градски се одигра и заостанатиот првенствен натпревар од Првата лига за жени, од 22-то коло. ЖФК Борец загуби со 0:1 од 11-то пласираниот ЖФК Кочани. Велешанки и натаму се претпоследни 13-ти со   седум бодови. Следното коло, в недела во пречекуваат трето пласираниот СЦВ Истатов од Дојран. 

АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »