речник контакт

ХС Лисиче внесе живот во регионот на Чашка

Нов живот за неколку илјади на жители по течението на реката Тополка, по формирањето на езерото Лисиче.

Петар Печков

 Откако започна  водата да тече по чашкарската котлина, многумина се вратија во родните села, се вратија и дел од културите кои тука се одгледуваа со години, а  се вратија и земјоделците во нивите. Водата донесе живот, на кој се радуваат сите а најмногу земјоделците. Се врати оризот, тутунот го има на повеќе површини, има можност за одгледување на  трета култура во текот на една година. Зголемен интерес најмногу има за одгледување ориз, не само  поради субвенцијата од осум илјади од хектар која беше и претходно, туку поради водата која сега ја има во изобилие.

До пред 20-тина години  имаше  340 хектари со ориз, сега на 60 ха, бидејќи немаше вода во периодот додека се градеше браната.   Сега оваа култура, откако реката има вода во текот на целата година,  полека се враќа во регионот кој е втор после кочанскиот за одгледување  белото злато во Македонија – вели   Павле Андреевски сопственик на ТП кој има земено под концесија 60 хектари земја.

Пет од нив се под ориз, до година  најавува 20 а потоа планира  и 40 ха, но објаснува треба време  етапно да се подготви земјата за одгледување ориз. Дотогаш ќе одгледува пченка за свињарската фарма од 2,6 илјади свињи и рибник од 30 тони крап. Водата сега за потребите не е проблем, ја има сите дванаесет месеци во изобилие. 

За враќањето на оризот во регионот на Чашка, придонесува  неговата цената. Земјоделците очекуваат дека таа ќе скокне годинава бидејќи има недостиг на светскиот пазар,  намалена понуда поради временските неприлики во Индија, Пакистан, како  најголеми производители, но и фактот што  производството во земјава е извозно ориентирано бидејќи   60 отсто се пласира во соседството и регионот. Но благодет од водата има и за жолтото злато, тутунот, кој два одлични приноси.

Годинава наводнував бостан и имам многу добри приноси, слично е и другите култури кои ги одгледувам, имам со 50 отсто повеќе род. Така од осум хектари бостан добив 400 тони производство, кај тутунот два тони од хектар со поливање што е одличен принос, далеку подобар од оние  површини каде не наводнував. Претходно на ова подрачје имаше 65 ха вишна, сега нема ниту еден поради сушата. Јас насадив пред некоја година 8 илјади стебла и тие се исушија, немаше вода,  ќе пробам повторно со овошки за некоја година, само почвата да се исчисти – вели  Сабри Сејфулов, земјоделец од  Горно Јаболчиште  кои работи во Раковечката долина.

Освен што ХС Лисиче трајно го реши проблемот на Велес со вода за пиење, сега  има можност за вклучување на нови корисници по течението на Тополка и  по должината на цевководот. Земјоделците од вишокот на вода освојуваат  нови и ги зголемуваат  постојните земјоделски површини, до илјада нови хектари. Поради ова интензивно се склучуваат договори.  Можна е замена на културите со подоходовни и воведување на трета култура.

Има голем интерес од земјоделците  за склучување договори, бидејќи имаат поголеми приходи,  воведуваат  високо профитабилни култури и можност од трета жетва.  Тоа е дел од стратегијата за развој на ХС Лисиче. Втора фаза е наводнување на земјоделските површини од  велешкиот регион со вода од Хидро Системот   а трета фаза е изградба на хидроцентрали.  Годинава испуштавме илјада литри во секунда, што беше причина за голем интерес за потпишување на договори за водоснабдување.  За илустрација пет водокорисника кои потпишаа концесија на 35 година поседуваат парцели од по 150 ха. Меѓу корисниците од неодамна се и оранжериите во  населба Чашка  - изјави Ацо Петров директор на ЈП ХС Лисиче.

Понатаму, за целосно искористување на водата од езерото Лисиче се планираат  два нови проекти, првиот е префрлање на водата од другата страна на реката Вардар, до Иванковци со што  ќе се наводнуваат 4 илјади хектари, вториот е поврзување на ХС Лисиче со езеро Младост со што ќе се овозможи на нови 1.600 ха површини.

Водата е најголемото богатство, кој ја нема знае како е. Нивите ги имам одамна ама имаа слаб принос, затоа се решив да се приклучам на водата од системот. Од  наредната пролет се преориентирам на овоштарство а  досега одгледував  жито, јачмен и пченица.  Имам 100 ха, планирам  половината, 45 ха, да ги насадам со  круша и кајсија или нешто друго што се бара на пазарот. Сепак е  голема инвестиција се да се засади, затоа полека и етапно. Битно е дека имам перспектива.  Цената за наводнувањето е прифатлива. Ќе ме чини околу 4-5 илјади евра годишно за сите хектари површина, затоа а јас ќе одам чекор по чекор – рече Ферхо Биберовиќ регистриран земјоделец од велешкото Горно Оризари.

И други негови соселани се приклучија на водоснабдителниот систем, од кој ќе ја користат водата во текот на годината за земјоделски култури. Така целосно ќе бидат задоволени  нивните потреби, но очекуваат дека бенефит ќе има и со водата за пиење, па преку лето нема да се случува како досега поради полевање на површините, населението да биде жедно.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »