речник контакт

Хакерите фалсификуваат кредитни картички

Сајбер криминалците напаѓаат. Го користат интернетот, фалсификуваат или крадат кредитни картички за да се збогатат. Ваквиот криминал во Македонија е на почеток.

Никола Солев

Сајбер криминалците напаѓаат. Го користат интернетот, фалсификуваат или крадат кредитни картички за да се збогатат. Ваквиот криминал во Македонија е на почеток. За помалку од 5 години регистрирани се 10-тина случаи на употребување туѓи и фалсификувани кредитни картички. Причинетата штета во македонски рамки е околу 200.000 евра. Хакерите ги користат најчесто картичките на луѓе од западноевропските земји или САД. Како да се открие овој вид на криминал, дебатираа експертите на 12 земји членки на СЕКИ центарот за борба против прекуграничниот криминал. Во државава, надлежните дури немаат ни сознанија затоа колку е распространета злоупотребата на кредитните картички. „Може да се дојде до виновникот, но се работи за софистициран криминал“, изјави Јове Илиовски, заменик јавен обвинител. Во регионот, лидери во злоупотребата на платежните картички се Бугарите, Романците и Унгарците, потврдуваат во СЕКИ. „Не смееме да чекаме додека криминалот се шири во регионот. Мораме да бидеме чекор пред нив, да се бориме и подобро да се организираме“, вели Александро Јонос, СЕКИ. Слабата економска моќ на македонските граѓани за прв пат позитивно влијае во однос на овој вид криминал. Нашите граѓани малку ги користат кредитните картички, ако ги имаат, а лимитот на пари најчесто им е скромен. Извор: Миле А. Ристески ([url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=59813]A1[/url])

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »