речник контакт

Хајка ама против дивите ловџии

Ловџии со пушки а без дозволи и за оружјето и за лов и за потекло на месото од дива свиња

Петар Печков

Велешката полиција информираше дека во неделата на  10-ти ноември при контроли на подрачјето  Долги Рид- Голозинци како и атарот на селата Теово –Ораовдол- Мокрени- Габровник, констатирани се два прекршока од „Законот за лов“ и еден прекршок од „Законот за оружје“. 

Од лицето С.Т. (40) од Велес одземени се три килограми месо од дива свиња бидејќи немал доказ за потеклото на месото, додека од лицето Р.П. (52) од Велес одземена е полуавтоматска пушка оти немал дозвола. Предметите се одземени поради сторени прекршоци од Законот за ловство.

Од лицето Б.С. (58) од село Оморани одземена е ловна пушка, бидејќи истиот не поседувал документи за сопственост на оружјето, односно сторил прекршок од „Закон за оружје“ .

При контролите кои биле спроведени изминатиот викенд на велешко  при што биле превземени засилени мерки и активности за сузбивање на незаконски дејности согласно „Законот за лов“ и „Законот за оружје“ извршен е преглед на вкупно 321 возило и легитимирани се вкупно 26 лица.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »