речник контакт

Хоророт „Бегхед“ со филмска премиера во Велес (видео)

И натаму на репертоарот се најгледаните филмови во светот хоророт „Замислен“ и анимираниот „Кунг фу панда 4“ но и српскиот „Јорговани“

Петар Печков

Пет филма оваа седмица на репертоарот нa 3Д киноверзум во Велес, од нив еден е премиера. 

Премеирата е на хоророт „Бегхед“ Млада жена наследува запуштен паб и открива мрачна тајна во неговиот подрум - Бегхед - суштество што ја менува формата што  овозможува да разговарате со изгубените сакани, но не без последици.

Српскиот филм „Јорговани“ е првата премиеги полни кино салите. Катарина (Слобода Миќаловиќ) и Игор (Иван Босиљчиќ) се актери кои се заедно и на екранот и надвор од него. Заслепени од блесоците и оглушени од аплаузите, Катарина и Игор, иако неразделни, долго време ниту се слушнале, ниту се виделе, до доделувањето на наградите за најдобра серија на годината, каде ќе се собере целата екипа. Таму јасно се гледа и лицето и  позадината на филмската и телевизиската индустрија во Србија  ќе стане јасно дека нивните животи се поголема мелодрама од онаа што ја снимија.

Американската акција, трилер, „Земја на злото“ ио оваа седмица е на репертоарот ан 3Д кинвоерзуим.  Кога тим на армиски ОДА ќе биде погоден од заседа, нивната единствена надеж лежи во пилот на ЈТАЦ (Лиам Хемсворт) и пилот на дрон (Расел Кроу) за да ги водат низ брутална 48-часовна битка за опстанок. 

Хоророт „Замислен“ втора седмциа по ред е во врвот  во светот според гледаноста.   Жена се враќа во  домот од детството, за да открие дека имагинарниот пријател што го оставила зад себе е многу реален и несреќен што го напуштила. 

 Најгледаниот филм во светот две седмици по ред   е цртаниот  Анимираниот Кунг фу панда,  4 дел.  Откако По ќе биде избран да стане духовен водач на Долината на мирот, тој треба да најде и да тренира нов воин на змејот, додека злобната волшебничка планира повторно да ги повика сите господари негативци кои По ги победил во духовното царство. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »