речник контакт

Хорор во Велес

Две сообракајќи, двајца мртви го парализираа Велес во средата попладне и вечер. Градот беше отсечен од светот. Во хаосот настрада и трето лице, патник кој се качил на вагон-цистерна и изгорел...

Петар Печков

Две собраќајки, со три жртви кои се случија на приодите кон Велес беа причина градот да биде сообраќајно блокиран во средата попладне и вечер.  Сообраќајката на автопатот Велес – Скопје го блокираше овој правец шест часа, додека несреќата на железничката пруга Велес – Градско го запре сообраќајот на овој правец дванаесет часа.

На автопатот Велес – Скопје, на мостот кај реката Пчиња околу 16 часот, завчера се случила сообраќајка во која учествувале четири автомобили а загина британскито државјанин Аломари Ахмет Метиб Авад и шеснаесет годишната скопјанка Христина Георгиевска.

До несреќата дошло кога автомобил Опел вектра, со косовски регистарски таблички му пукнала гумата, по што удрил во камион па се превртел. Потоа удрил во две возила ситроен и опел кои доаѓале од спротивната насока. При тоа ситроенот налетува на друго возило џип Хјундаи при што од ситроенот кое е целосно уништено умира на лице место едно лице. Дел од повредените се пренесени во Скопје, дел во велешката болнциа, од каде  се препратени во Ургентниот центар.

Поради оваа автопатот Скопје - Велес беше во прекин повеќе од пет часови. За овој период на автобуската станица во Велес, беше голема гужва бидејќи патниците кои патуваа во правец на Штип, Гевгелија или Битола немаа превоз ни информации кога автобусите ќе стигнат.

- Беспомошно чекаме од 16 часот да стигне автобус кој ќе не однесе дома во Кочани. Но телефонот на автобуската е исклучен, така што вработените не знат што се случува ни кога сообраќајот ќе биде нормализиран, а веќе три и пол часа сме тука–изјави Никола Симонов. Тој не беше сам, бидејќи на автобуската имаше голем број и стари лица и мајки со деца.

На автопатот слична состојба, километарски колони возила, патници кои брзаат да стигнат до саканата цел. Потенцијалниот студент велешанецот Тоше Николов, кој требало да стигне во Скопје  на автобус за Љубљана во 17 часот за упис на факултет, заглавен на автопат во автобус морал да бара автомобил од Велес за во последен момент да го стигнат автобусот за Словенија на македонско-српската граница, се жалеше неговиот татко.

Слична беше состојбата и на железничката станица во Велес. Поради тоа што камион цистерна за цемент со прикола, марка Ивеко, кој доаѓал од правец на Градско кон Велес се превртел над железничката пруга, собраќајот на делницата Велес – Гевгелија беше прекинат. При падот возачот Ахмо Хахровиќ (68год) од Скопје излетал од шофершајбната, паднал на пругата и починал а возилото надвиснало над неа. Заради отстранување на камионот, железничкиот сообраќај кон Гевгелија од 18,20 средата беше во прекин.

За тоа време во железничката станица во Велес дојдоа и чекаа меѓународниот воз Љубљана – Солун и патничкиот Скопје - Гевгелија, како и повеќе товарни возови. Поради тоа што станицата беше преполна, возовите стоеја и на станицата Рајко Жинзифов. Во Градско пак беше сопрен меѓународниот воз Солун-Белград.

Стотина патници на железничката станица во Велес со часови чекаа разрешница а околу 22 часот, се случи нова несреќа. Еден од патниците, без засега објаснети мотиви се качи на вагон цистерна при што беше изгорен од 25 илјаден напон од електрична струја наменета за влеча на локомотивите. Според пронајдените документи, пасош  станува збор за лицето Томислав Јаневски (27 год) од Скопје кое имало патен билет од Љубљана за Солун. Неговите сопатници од купето велат дека бил многу нервозен, за тие неколку часа додека возот стоел на станица. Со себе немаше никаков багаж,а беше спасен со брза интервенција на Слободан Ангелков, магацинер на станицата во Велес, кој брзо се качи да го симне од покривот на вагонот. Повредениот Јаневски беше пренесен во градската болница од каде поради тоа што имал изгореници од 3 степен е пренесен итно во Скопје. Додека го симнуваа од вагонот повредениот беше контактибилен и свесен.
         
- Наеднаш во темнината слушнавме силна експлозија и блесок. Кога видовме од каде дојде, бевме сведоци на слика што не наежи. Човек качен на вагон жив гореше, беше во пламен. Потоа и целата станица мирисаше на изгорено месо. Децата се преплашија, почнаа да плачат. Многу лоша слика - вели Николина Ѓоргиева, која со двата внука чекаше да замина дома за Гевгелија. Се обиделе и со автобус, но бидејќи и тој сообраќај беше блокиран мораа назад на воз.

На станицата имаше туристи, бизнисмени кои брзаа за Солун, но р?шението го дочекаа на полноќ, откако од Скопје дојдоа високи претставници на Македонски Железници. Тие организираа автобуски превоз  за патниците до Градско, кои околу  еден часот по полноќ продолжија кон Грција, додека од Градско беа превземени патниците од меѓународниот воз за Белград. Тие се качија на возот во Велес по што околу 1,30 го напуштија Велес. Беа лути и нервозни, што немаа основни услови, бидејќи пет часа додека чекаа на станицата во Велес немаа можност да користа ВЦ, кое го нема оваа станица. Железничкиот сообраќај на релацијата Велес – Гевгелија беше нормализиран вчера утро во 5,30 часот.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »