речник контакт

Хорот Св. Кирил и Методиј гостува во Утрехт Холандија

Ќе има два настапи

Петар Печков

Детскиот хор Св. Кирил и Методиј од Велес деновиве заминува за Холандија, за градот Утрехт, каде ќе одржи два концерти.  Едниот од нив е во соработка со Европската епархија на Македонската православна црква –Охридска Архиепископија. 

Гостувањето ќе се случи во периодот 8-15 јануари, кога ќе се реализа проектот C. H. O. I. R. со здружението „Freedom to discover“.“. Во овој проект се вклучени два хора, велешкиот детски  хор „Св. Кирил и Методиј“ и „Zangschool“ од Утрехт.

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ зад себе остави успешна 2025 година. Во текот на изминатата година имаа околу дваесетина настапи како гости на многу настани, но и свои целовечерни концерти од кои еден во Оломуц, Чешка. Учествуваа и на два меѓународни натпревари во Чешка и Македонија. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »