речник контакт

Хорот Св. Кирил и Методиј победи на фестивал на духовна музика во Полска

Хорот под диригентство на Веселинка Маџарова, победи во конкуренција на детски хорови

Петар Печков

Детскиот хор Св. Кирил и Методиј го освои првото место на Меѓународниот хорски натпревар на духовна-црковна музика, во Хајновка, Полска.

На натпреварот пееја младински и детски хорови а имаше учесници од 10 држави. Натпреварот е со претселекција, или не е комерцијален секој кој има средства да учествува, туку селектираните хорови учествуваат на трошок на организаторот.

Фестивалот се одвивал во две фестивалски вечери, велешките деца настапиле на втората, имале дополнителен солистички настап, како и настап на вечерта на победниците. Таму присустувал архиепископот на Полската православна црква, премиерот на Полска, министерот за култура на Полска,  грчката амабсадорка во Полска. Настапот сите три вечери бил во православна црква. 

„Пофалбите беа дека имаме најтежок и  најобемен хорски репертоар во траење од 25 минути, од 8  хорски композиции со духовна тематика, три беа од македонски автори. Тоа беа Величание Кирилу и Методију од  Тодор Скаловски, Алелуја од Запро Запров, Песна на Ангелите од Стојан Стојков. Со овој фестивал Полската православна црква славеше 100 години автокефалност“- кажа Веселинка Маџарова диригент на хорот. 

Бројот на членови во детскиот хор од година во година се зглемувал, имало голем интерес за членување, моментало има 31 хорист. Повеќето деца  биле ученици  од ОУ Васил Главинов, каде и Маџарова работи како  професор по музичко образование. Возраста  на членовите  е од 9  години па нагоре. Хорот постои 12 години. 

Настапувал на Фестивали на хорска црковна музика  во Москва Русија, во Белоруисија, Шпанија, во Грција. Финансиска помош има од локалната власт – Општина Велес.  Веселинка која е дипломирана оперска превица, вели дека таа нејзина стручност и помага во обликувањето  на детските гласови, да добијат боја и звучност.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »