речник контакт

Хотелот Интернационал дом за бездомници

Во него живеат бездомници и зависници

Петар Печков

Во доградбата од Хотелот Интернационал живеат бездомници. Ова не  е до вчера,  трае подолго време ама еден оса неговите станари призна дека во него живеат луѓе кои немаат дом.

Јас сум зависник и бидејќи немам каде да преспијам, таму сум секоја вечер. Освен мене има 10-тина лица, некои како мене зависници, други бездомници. Ама сите се сложуваме. Нема струја но се снаоѓаме некако, од тоа што малку остана во некогашниот хотел – вели зависникот.

Ваквата слика ја потврдуваат и соседите, кои живеат во близина на Хотелот Интенационал. Тие секојдневно ги гледаат истите лица како наутро излегуваат од зградата.

Освен што е грда слика на градот, со искршени врати и прозорци, тој е дом за бездомници. Влегуваат внатре, кршат, тропаат, се руши зградата а никој не води есап. Навечер сме згрижени како родители, оти кога минат нашите деца, ги страв од овие натрапници, нешто да  не се случи – велат соседите. 

Хотелот Интернационал е приватна сопственост и на Мите Јовановски неколку години. Тој за да го сочува имотот најмил чувар, но кражбите продолжиле, по што  ја оставил зградата без обезбедување и сега таа се користи  на кому за што му треба. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »