речник контакт

Хотелот Монтенегро, како државен карантин почнува да се празни

Таму има уште 43 лица повратници до странство, македонски државјани

Петар Печков

Денес од Хотел Монтенегро Ривиера заминаа дома  14  лица, повратници  од странство, македонски државјани.   Дел од нив - 27 пристигнале во неделата на 21-ви  јуни , други 22 вчера во понеделникот 22 јуни.   На дел од нив, 31 во текот на вчерашниот ден им е земен брис и како резултатите пристигнуваат, доколку се негативни, така повратниците заминуваат дома.

Вчера е испишана  една жена, која не ја почитувала домашната изолација,  кога полициски службеници дошле во контрола. Остануваат уште три лица  кои се во државен карантин а исто така не го почитувале решението за изолација. Тие ќе бидат тука се до  истекот на задолжителните 14 дена - изјави д-р. Страхил Тодоров портпарол на Здравствен дом Велес.

Тој заедно со докторката Кевица Клифова од  оваа институција како лекари и колегите од Општа Болница Велес  Влатко Лукаров и Ангелина Ивановска, се за здравствена поддршка на лицата кои се повратници од странство и се во задолжителен карантин.

Моментално во хотелот Монтенегро има 43 лица, 17 од нив треба да заминат  оти веќе имаа дадено брис и ги чекаат резултатите  а остатокот,  заминува петок на 26-ти јуни, кога престанува да важи задолжителниот карантин по враќање од странство или прикажување на  тест при враќањето дома, во Македонија.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »