речник контакт

Хрватки пеат македонски народни песни

Пред велешани настапи составот ,,Македонија,, кое го сочинуваат хрватки од Сплит, љубители на македонската староградска песна

Петар Печков

Дваесетина хрватки и по некоја македонка, членки на пеачката група Македонија од Сплит, се на едно неделна турнеја низ Македонија. Тие настапуваат со избор на стари изворни македонски песни, во неколку македонски градови. Публиката не е рамнодушна на нивната изведба на песни, кои се препознатлив белег на овие простори. Со групата раководи родена унгарка, на која македонскиот мелос и е посебно драг.

Од детство ја носам љубовта кон македонската песна. Од родителскиот дом, каде  прв пат ја слушнав оваа музика, не можам  ни до ден денес да се разделам од неа - вели Олга Барбир  раководителка на пеачката група при Македонското културно друштво Македонија од Сплит, кое  на 4—ти ноември го прослави шестиот роденден.  

Групата брои 30 членки,  малку  се македонки, само три, а меѓу  толку жени  е единствениот маж, македонскиот зет Михаил од Сплит. Вели дека успева да се снајде во ова женско друштво и понекогаш да ги натпее. На нивниот репертоар  се стари македонски песни како што се:  Срце ме боли, Зошто си ме мајко родила, Елено ќерко, Дафино вино црвено.  

Се сретнуваат и вежбаат еднаш неделно, пробите траат по два часа во просториите на друштво, имаат  и оркестар со четири музичари кои  свират на хармоника, гитар, тарабука и кларинет. Во рамките на друштвото има и играорна секција со десет играорци.

Често настапуваме низ Хрватска, бидејќи хрватите ја сакаат македонската народна музика. Во Македонија бевме пред четири години кога имавме турнеја, низ шест града. На репертоар имаме 25 песни. Ги наоѓам од песнарки  каде има  ноти и текст, а денес  е лесно и со помош на интернет. Имаме одлични искуства со македонците, одлично не примија на овие две наши турнеи, едвај чекавме да дојдеме повторно - објаснува Олга Барбир. 

Постојат шест години, имаат свои простории каде се дружат, вежбаат, доаѓаат и македонците кои живеат во Сплит, но и хрватите, да слушнат дел од нивниот репертоар.  Досега настапиле пред македонците во Ѓаково, Самобор, Загреб, посебно соработувале со друштвото од Задар, настапуваат на  смотрата на малцинствата во салата Ватрослав Лисински во два пати. Групата е впечатливо облечена во народна носија и со црвено жолта марама околу вратот.

Носиите кои ги носиме, сами ги изработуваме. Постои секција која ги изработува. Се што гледате на нас, сами го сработивме, по еден месец ни треба за да завршиме една носија, на што сме посебно горди – вели Барбир.

Не требаше долго да се чека за да се потврдат нејзините зборови во велшката сала ,,Бели мугри,, каде уште по првите тактови публиката со аплауз ги дочека гостинките од Сплит и така продолжи се до крајот на настапот.  Тие пак им приредија и мало изненадување, за малку ги пренесоа во Далмација со сплет изворни пресни од овој дел на Хрватска.

 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »