речник контакт

Хрватска и Црна Гора се потпираат на поморскиот туризам

Потенцијалот за поморски туризам ќе донесе повеќе посетители во Хрватска и Црна Гора, зајакнувајќи ја економијата на земјите

Петар Печков

Иако најголем дел од јахтите се наоѓаат во Западниот Медитеран, Јадранот има острови и изолирани заливи кои го прават единствено неговото крајбрежје, привлекувајќи сѐ повеќе туристи во Хрватска и соседна Црна Гора и давајќи му на регионот економски поттик, велат експертите.

Според Хрватското поморско здружение, 70.000 јахти се укотвиле во Јадран во 2012 година.

80-метарската јахта на Лакшими Митал е редовно усидрена во пристаништето Цавтат. Митал, индиски крал на челикот, чие богатство достигнува нето вредност од 16,5 милијарди евра, не е единствениот што го избира најјужниот хрватски град. Минатата година Роман Абрамовиќ, сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, исто така ја усидри својата јахта во Цавтат.

Имаме само 380 сидришта тука“, рече за SETimes Мато Франковиќ, директор на дубровничката марина. Честопати Франковиќ мора да ги одбива муштериите, и многу од нив мора да отпловат назад во Франција, Италија или Америка за зимата.

Во мојата канцеларија доаѓаат луѓе кои се сериозно богати“, вели тој. „Тие сакаат да ги усидрат своите огромни јахти за зима. Ја зголемив цената за усидрување на 100.000 евра за сезона, но тие и понатаму доаѓаат во мојата канцеларија.“
Во Југоисточна Европа, само Грција е близу до Хрватска и Црна Гора, но Егејското Море е премногу далеку од Франција и Италија.

Јадранот е многу привлечен за сопствениците на јахти“, рече за SETimes Бекет Тукер, менаџер за продажба во Порто Монтенегро. „Додека Грција се наоѓа на една недела пловење од јужна Франција, до Јадранското Море може да се стигне за нешто повеќе од еден ден.“

Тукер ги жнее плодовите од локацијата. За само неколку години Порто Монтенегро стана трета по големина марина на Медитеранот, по Антиб во Франција и шпанската Мајорка.
„Сега ја прошируваме марината за да можеме да примиме 150 до 170 усидрувања на супер-јахтите и 800 на помалите бродови“, вели тој.

Тоа ќе го претвори Порто Монтенегро, изграден на базата на поранешната југословенска морнарица во Заливот на Бока Которска, каде што се вработени 1.000 луѓе, во најголемо пристаниште за мега-јахти во светот.

Хрватска моментно има 14.000 сидришта. Тоа е многу малку во споредба со 180.000 сидришта во Западен Медитеран, но хрватската влада планира двојно да го зголеми тој број до 2018 година.

Хрватска не ги крати расходите за туризмот, но професионалците имаат малку сомнеж дека луѓето што доаѓаат со луксузни јахти трошат повеќе од оние што возат камп-приколка.

Лукса Главина, директор на Далми ресортс, канадско претпријатие кое планира да изгради марина од 200 сидришта од другата страна на заливот во Цавтат, вели дека јужна Далмација ќе има 1.000 дополнителни сидришта за неколку години.

Ова ќе стане регион со 5 ѕвездички“, рече Главина за SETimes. Новото пристаниште во Цавтат ќе вработи 200 луѓе, при што 100 ќе добијат договор на неопределено време, рече тој.

Потпирањето на поморскиот туризам можеби изгледа чудно во време на криза. Земјите во Источен Медитеран се соочуваат со проблеми. Сирија влезе во граѓанска војна, Грција и Кипар се во рецесија, а Турција беше место на лоши мерки на полицијата против продемократските демонстранти.


Текстот е преземен од  SETimes.com.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »