Петар Печков
Објавено: среда, 25 декември 2024
Во Чашка и Мелница се одржа хуманитарен базар, со рачни изработни од децата ученици во ОУ Тодор Јанев од Чашка и подрачното во Мелница. На продажбата со рачни изработки се приклучија и децата од Детската градинка.„Бамби“ од Чашка.
Децата предметите ги изработиле претходните денови а денес ги продаваа во центарот на населбата. Мотото на настанот беше „Биди хуман, подари среќа“.
„Собраните средства ќе ги искористиме и ќе набавиме храна, која ќе ја подариме на социјално ранливите сограѓани од општината. И тие да ги почувстуваат новогодишните и Божикни празници“ – кажа Драганчо Таневски наставник по ликовно во ОУ Тодор Јанев и ОУ Петар Поп Арсов во Богомила.
Tweet |