речник контакт

Хуманитарна питијада

Како и во изминатите 4 години, традиционално и оваа година РОТАРАКТ КЛУБ ВЕЛЕС, денес на 21.02.2009 година, организираше хуманитарна питијада во Розе Сала.

Аница Солева

Како и во изминатите 4 години, традиционално и оваа година РОТАРАКТ КЛУБ ВЕЛЕС, денес на 21.02.2009 година, организираше хуманитарна питијада во Розе Сала.

Како и досега, на иницијатива на членовите на клубот, а благодарение на повеќе спонзори, беше обезбеден целиот потребен материјал за подготвување на вкусните велешки пастрмајлии, а присутните гости со секоја купена пита пастрмајлија и купеното сортно вино, донација од позната македонска винарска визба, земаа учество во оваа хуманитарна акција, која покрај хуманитарниот карактер беше и одлична можност за дружење помеѓу присутните гости!
 
На овој хуманитарен настан беа присутни 100-тина гости, меѓу кои и дел од членовите на Ротари Клубот од Велес кој секогаш несебично ги поддржува акциите на младите од Ротаракт Клубот од Велес. Сите присутни уште еднаш ја покажаа својата хуманост и изразија силна поддршка на ваквите хуманитарни акции на Ротаракт Клубот од Велес со надеж дека и во иднина клубот ќе продолжи со своите хуманитарни акции како и во изминатите години.
 
Традиционално како и секоја година, сите собрани средства од оваа хуманитарна акција ќе бидат донирани на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа од Велес.

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »